Taжни вести ни пристигнуваат утрово од Турција, загина фудбалерот на Коњаспро Ахмет Чалик.
Турските медиуми утрово ја шокираа јавноста со објавата дека Чалик го загубил животот во сообраќајна несреќа, а набрзо и неговиот клуб ја потврди оваа тажна вест. Несреќата се случила во близина на Анкара откако фудбалерот изгубил контрола над возилото и излетал од патот.
Салах руши рекорди! Викендов две големи дербија во Премиер Лига! ↓↓↓
Чалик бил сам во автомобилот, а неговата прерана смрт ги шокираше сите во неговиот клуб.
Во кариерата Чалик го носеше и дресот на Галатасарај од 2017 до 2020 година кога се пресели во Коњаспор.