Милан и Интер се борат за Скудетото, но водат и голема битка за потписот на Глеисон Бремер од Торино.




24-годишниот Бразилец игра одлична сезона и се етаблираше во еден од најдобрите дефанзивци во Серија А.




До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст
Торино не сака да го продава на средина од сезоната, но јасно е дека нема да може да го задржи на лето.




Милан веќе стапил во контакт со неговиот агент и сака да ја победи конкуренцијата, но Интер не се откажува и се очекува голема борба на двата клуба за бразилскиот дефанзивец.