Дома Трансфер зона Агентот го нуди Ди Марија на италијанскиот гигант

Агентот го нуди Ди Марија на италијанскиот гигант

Анхел ди Марија има договор со ПСЖ до крајот на сезоната, но е спремен да ја промени средината во зимскиот преоден рок.

Неговиот агент Жорге Мендеш го понудил Аргентинецот на италијанскиот гигант Милан, пренесуваат медиумите на Апенините.

Disc Golf challenge: Дали некој ќе погоди од прва!? ↓↓↓


„Росонерите“ бараат засилување за десната крилна позиција, но се уште не дале конечен одговор за негов ангажман.

Милан е спремен да го ангажира веднаш 33-годишниот Ди Марија, но не сака да плаќа никаква компензација и бара од ПСЖ да го ослободи фудбалерот.

Сепак, многу поверојатно е Ди Марија да се пресели во Милано на крајот на сезоната како слободен агент.

Коментари
Прочитајте поврзани статии

Проверете

Милан тргнува по дефанзивец на Арсенал

Милан е силно заинтересиран за дефанзивецот на Арсенал, Јакуб Кивиор, пренесува „Калч…