Дома Фудбал Англија Ван Дајк: Сити ја држи во раце титулата

Ван Дајк: Сити ја држи во раце титулата

Дефанзивецот на Ливерпул, Вирџил ван Дајк остана разочаран од играта на неговиот тим после ремито со Челзи во 21-то коло од Премиер лигата.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


„Црвените“ перфектно го започнаа мечот и брзо стигнаа до водство од 2:0, но на крајот одиграа реми, па сега заостануваат 10 бода зад лидерот Манчестер Сити.

„Заостануваме на табелата. Во моментов Сити ја држи титулата во свои раце, но се може да се случи. За жал, ние бевме блиску, но се отпуштивме и тие го искористија тоа. Потребно е да победуваме и да покажеме добар квалитет“, изјави Ван Дајк.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Реал потврди за Фран Гарсија

Откако претходно во текот на денот неколку извори објавија дека Фран Гарсија ќе премине во…