Францускиот напаѓач Ентони Марсијал сака во јануари да го напушти Манчестер Јунајтед.
Марсијал отворено му соопшти на тренерот Рагник дека не е задоволен со својот статус во англискиот клуб и смета дека е време после шест години да го напушти „Олд Трафорд“. Тоа го потврди и самиот Рагник.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Денес „Скај Спорт“ објави дека Манчестер Јунајтед добил официјална понуда за Марсијал. Севиља сака да го види францускиот напаѓач во своите редови.
BREAKING: Sevilla have made an offer to Manchester United to sign Anthony Martial on loan.
— Sky Sports News (@SkySportsNews) December 28, 2021
Севиља до Манчестер Јунајтед испратила понуда за позајмица до крајот на сезоната со опција за откуп. Јунајтед се уште не се огласи, меѓутоа се очекува понудата да биде прифатена и Марсијал да продолжи во Шпанија.
Во досегашниот дел од сезон ата за Јунајтед Марсијал одигра 10 натпревари во сите натпреварувања и постигна само еден гол.