Дома Фудбал Репрезентации Бонучи: Моите деца не ја виделе Италија како игра на СП, сакам да им го овозможам тоа

Бонучи: Моите деца не ја виделе Италија како игра на СП, сакам да им го овозможам тоа

Во март Македонија и Италија ја очекува бараж натпреварот за Светското првенство во Катар.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Италијанците се фаворити, но секако дека Македонија нема предвреме да се предаде. За овој натпревар на италијанската национална телевизија зборуваше Леонардо Бонучи.

Бонучи потенцираше и дека прво размислуваат за Македонија, но и зборуваше за можен дуел со неговиот поранешен соиграч Кристиано Роналдо во финалето.

„Се слушнавме претходно, малку се смеевме за можната пресметка меѓу Италија и Португалија. Ќе видиме како ќе биде на теренот, но Кристијано може да очекува удари. Нема да имам милост“.

„Прво мораме целосно да се фокусираме на натпреварот со Македонија. Моите деца не ја виделе Италија како игра на Светското првенство и затоа сакам сега да им го овозможам тоа“, изјави Бонучи.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Репрезентации

Проверете

Снимка од брутална тепачка меѓу англиски фудбалери ја шокира планетата (Видео)

На социјалните мрежи се појави видео од инцидентот во кампот на младите селекции на Англиј…