Менаџерот на Манчестер Јунајтед, Ралф Рагник потврди дека 26-годишниот француски напаѓач сака да си замине од клубот.
Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст
„Ентони ми објасни дека е во Манчестер Јунајтед седум години и веќе чувствува дека е дојдено време за да направи промена. Можам да го разберам. Од она што го знам, додека немало понуди за него. Се додека нема интерес, тој ќе работи со тимот“, изјави Рагник.
Во редовите на Манчестер Јунајтед Марсијал дојде во 2015 година од Монако за сума од 60 милиони евра. Сезонава за Јунајтед Марсијал настапи на 10 натпревари и постигна еден гол.