Дома Фудбал Англија Гвардиола: Се чудам зошто никој на трибините не носи маска

Гвардиола: Се чудам зошто никој на трибините не носи маска

Менаџерот на Манчестер Сити, Пеп Гвардиола ги повика навивачите на стадионите треба да носат маски.

Во Премиер лигата изминативе денови беа откажани неколку натпревари поради зголемениот број заболени од коронавирус, а Гвардиола смета дека навивачите на стадионот меѓусебно се загрозуваат.

До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст


„Не би сакал повторно да играм пред празни трибини. Многу е поинаку да се игра кога навивачите се тука, но има се повеќе заразени луѓе во светот, не само меѓу фудбалерите. Луѓето на стадионот можат да го заразат некој друг затоа што носењето маска не е задолжително“, истакна Гвардиола.

„Ме чуди. Излегуваш, одиш во трговски центар, каде луѓето купуваат подароци за своите семејства, а никој не носи маска. А уште од почетокот на пандемијата, научниците нагласија дека најдобра заштита е да се носи маска и да се дезинфицираат рацете. Така ќе имаме отворени ресторани, клубови, гледање фудбал. Не ни требаат нови забрани“, додаде Пеп.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Oдбраната пред се: Нема да си верува колку пари потрошил Гвардиола на 25 дефанзивци!

Манчестер Сити го ангажираше дефанзивецот Марк Гуехи од Кристал Палас за сума од 23 милион…