Шпанскиот гигант Реал Мадрид е силно заинтересиран за рускиот репрезентативец и член на Динамо Москва, Арсен Захарјан.
18-годишниот играч за врска важи за еден од најголемите руски таленти, а скаутите на „кралевите“ го следат веќе подолго време.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
На трансферот на Захарјан работат поранешниот директор на Реал, Предраг Мијатовиќ заедно со агентот на Лука Модриќ, Владо Лемиќ.
Двајцата веќе имале срдба со раководните луѓе на Динамо Москва и почнале преговори за трансферот.
Според информациите од шпанските медиуми Реал Мадрид сака да го куши играчот и да го остави на позајмица во Динамо Москва најмалку една година.