Иднината на Лоренцо Инсиње и понатаму е главна тема на Апенините, откако одби да го продолжи договорот со Наполи.
Договорот на Инсиње со Наполи истекува во јуни 2022 година, а според „Газета дело Спорт“ двете страни се далеку од продолжување на соработката.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Малку е веројатно дека Инсиње ќе го продолжи договорот затоа што сака да му се зголеми платата од моменталните пет милиони евра, па сигурно ќе замине без обештетување на крајот на сезоната.
Инсиње во последните недели се поврзуваше со неколку европски гиганти, а сега медиумите тврдат дека кариерата можи да ја продолжи во МЛС лигата.
Имено, Торонто е спремен да ги задоволи неговите финансиски барања и да му понуди 7 милиони евра по сезона. 30-годишниот Италијанец е свесен дека таков договор нема да добие на друго место, па е спремен да ја продолжи кариерата во МЛС лигата.