Дома Трансфер зона Анчелоти и дефинитивно го отпишал: Иско во јануари ќе бара нова средина

Анчелоти и дефинитивно го отпишал: Иско во јануари ќе бара нова средина

Шпанскиот фудбалер Иско повеќе не е во плановите на тренерот Карло Анчелоти и се очекува да го напушти Реал Мадрид уште во јануари.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Иско не беше задоволен со неговиот статус во екипата, па реши да го бојкотира клубот и тренерот Анчелоти, но не направи ништо добро со тоа. Анчелоти му дал наредба на Иско да се загрева на натпреварот против Гранада, кој беше одигран неодамна, но тој одбил и така сам си пресуди на себе.

Иско се обиде на таков начин да го понижи тренерот, кој се налути и го отпиша од екипата, па најверојатно ова е крајот за Шпанецот во екипата.

Шпанецот сезонава настапи на седум меча и постигна еден гол, а член е на гигантот од Мадрид од 2013 година.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Карвахал веќе пронајде нов клуб

Откако официјално го заврши својот престој во Реал Мадрид, Дани Карвахал би можел многу бр…