Барселона во јануарскиот преоден рок ќе се обиде да го освежи тимот со доведување на играчи кои веднаш би требало да бидат дел од стартниот тим.
Еден од најпосакуваните играчи во визијата на тренерот Чави Ернандез е ѕвездата на Јувентус Матијас Де Лихт. Де Лихт беше желба на Барселона и пред две години, но тогаш се одлучи за Јувентус во трансфер од 75 милиони евра.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
„Старата дама“ го обврза Де Лихт со договор на пет години и клазула од 120 милиони евра. Меѓутоа ситуацијата се промени.
Јувентус има финансиски проблеми, а освен тоа Де Лихт преку Раиола најави дека сака нов предизвик, па поради тоа би можеле да се одлучат да го продадат. Шпанските медиуми пренесуваат дека лица од Барселона се сретнале со Мино Раиола кој ги известил дека цената и не е толку висока и дека можат да се обидат.
Планот на Барселона е за Де Лихт да собере пари со продажбата на Фелипе Кутињо.