Дома Македонски спорт Затоа Барселона го сака: Димитриевски на врвот во Ла Лига по успешноста на одбранети удари!

Затоа Барселона го сака: Димитриевски на врвот во Ла Лига по успешноста на одбранети удари!

Maкедонскиот голман Столе Димитриевски игра фантастична сезона во дресот на Рајо Ваљекано, а доказ за тоа е и интересот од Барселона за кој утрово пишуваа шпанските медиуми.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


И има причина да има интерес за Димитриевски. Во овој момент македонскиот голман е на врвот на листата во успешноста на одбранети удари од првата половина на сезоната.

Димитриевски е на процент од 80.6% одбранети удари, а зад него Унаи Симон од Билбао со 80%, потоа следи Јасин Бону од Севиља (78.6).

Од повеќе познати имиња Тибо Куртоа е четврти додека Јан Облак изненадувачки е на дури 22. место на оваа табела.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Македонски спорт

Проверете

Ливерпул го финализира трансферот на францускиот талент, кој го договори уште зимата

Ливерпул официјално го привлече централниот бек на Рен Жереми Жаке за сума од 60 милиони ф…