Натпреварот помеѓу Евертон и Барнли кој требаше да се игра за „Боксинг Деј“ е одложен поради големиот број на заразени фудбалери кај тимот на „карамелите“.
Евертон побара мечот да биде одложен, откако менаџерот Рафа Бенитез, остана со само 11 фудбалери од првиот тим.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Првичното барање на Евертон беше одбиено, но бидејќи поголем дел од отсутните фудбалери се заразени со Ковид, Премиер лигата сепак одлучи да го одложи мечот.
Ова е трет одложен натпревар за „Боксинг Деј“ откако претходно беа одложени дуелите Ливерпул – Лидс и Вотфорд – Вулверхемптон.
Натпреварите на традициционалниот „Боксинг Деј“ се играат во недела на 26 декември.