Дома Топ вести „Бомба“ од Шпанија: Барселона го сака Столе Димитриевски

„Бомба“ од Шпанија: Барселона го сака Столе Димитриевски

Шпанскиот медиум „Ел Чирингито“ лансираше „бомба“ и објави дека Барселона е заинтересирана за македонскиот голман Столе Димитроевски.

Димитриевски со одличните настапи во Рајо Валекано се етаблираше во еден од најдобрите голмани во Примера оваа сезона, па Барселона покажа интерес за него.

Анде Јанков - македонски автор: Тајните на пишување добар крими роман!? ↓↓↓


Барселона сака да се ослободи од Нето, а како негова замена да го донесе Столе Димитриевски.

Прва опција на голот останува Тер Штеген, но Чави не е задоволен од неговата форма, па Димитриевски ќе му биде сериозна конкуренција.

Димитриевски сезонава е голман со највисок процент на одбранети удари во Ла Лига и тоа со дури 80,6%. За разлика од Македонецот, Тер Штеген има само 56,8% одбранети удари.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Реал руши рекорди за Салиба

Реал Мадрид е подготвен да направи рекорден договор за централен дефанзивец со ангажирањет…