Денес македонската кошарка остана без уште едно познато име. Овој свет го напушти Сашо Лазаров, човекот кој беше синоним за спорт во Кочани.
Улични кучиња: Системски или човечки проблем? | Уште еден поткаст
Долги години „Чапо“ беше дел од тимот на Кочани Детликатес и тоа во најславните денови на овој клуб. Двапати беше финалист на македонската кошарка лига и тоа во сезоната 1993/1994 и 1994/1995.
Смртта го затекна Сашо Лазаров како основач и предводник на КК „Дино Баскет“, клубот кој во иднина ќе го води токму неговиот наследник – Дино.
Ова е втора трагедија во македонската кошарка во само неколку дена. Пред неколку дена беше објавено дека нè напушти уште една кошаркарска легенда, Бранко Кацарски.