Францускиот дефанзивец на Манчестер Сити, Бенџамин Менди доби уште едно обвинение за силување, седмо по ред.




Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст
Менди денес се појави во судот во Честер каде на терет му се ставаат дури седум обвиненија за силување и една за сексуален напад, во врска со пет жени, пренесува Би-Би-Си.




Најновото обвинение е од нова жртва и наводно се случило во јуни оваа година. Претходните обвиненија се однесуваат на периодот помеѓу октомври 2020 и август оваа година.




27-годишниот француски фудбалер е во притвор од август, а судот одби три негови жалби за пуштање на слобода.
Обвиненијата кои му се ставаат на терет се сериозни, па доколку биде прогласен за виновен, го чека затворска казна.