Meнаџерот на Челзи, Томас Тухел изјави дека нема да ги убедува своите играчи да се вакцинираат против коронавирусот.
Во понеделникот беше соопштено дека 16% од фудбалерите во Премиер лигата не се вакцинирани. Со оглед на се поголемиот број заразени во англиското првенство медиумите во оваа земја го прашаа Тухел дали би требало да се воведе правило на задолжителна вакцинација.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
„Не се сите невакцинирани заразени, имаме играчи кои се вакцинираа, а добија позитивни тестови. Не сакам да го вперувам прстот кон невакцинираните луѓе. Секој има право на избор. Не можеме да ги тераме играчите да се вакцинираат. Нема да го променам моето мислење на тоа прашање. Во ској случај, не сум ниту ниту човек кој треба да зборува за тоа. И кај нас и во Европа има експерти, зборувајте со нив. Јас сум тука да зборувам за фудбал“, изјави Тухел.
Во овој момент шестмина фудбалери на Челзи се во изолација поради позитивни тестови на коронавирус.