Десниот бек на Барелона, Сержињо Дест би можел уште во јануари да го напушти „Камп Ноу“, пренесуваат шпанските медиуми.
Дест кај Роналд Куман беше стандарден, додека кај Чави не добива шанса, бидејќи не е задоволен од неговата игра во дефанзива и веќе му ја отворил излезната врата.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Таквата ситуација сака да ја искористи Баерн Минхен, кој покажува сериозен интерес за Холанѓанецот веќе подолго време.
Баварците стапиле во контакт со неговиот агент и сакаат да го донесат уште во јануари, а нема да имаат проблем да платат 15 милиони евра, колку што бара Барселона.
Барселона веќе најде замена и започна преговори за ангажман на Мазрауи од Ајакс.