Дома Фудбал Чави со апел до раководството, бара нов договор за Гави веднаш!

Чави со апел до раководството, бара нов договор за Гави веднаш!

Тренерот на Барселона, Чави смета дека клубот треба веднаш да реагира и не смее да си дозволи да го загуби големиот талент, Гави.

Гави има само 17 години, но се наметна во еден од клучните фудбалери на Барселона оваа сезона и веќе запиша четири настапи за шпанската репрезентација.

ТОП 11 МАКЕДОНСКИ ЈАВНИ ЛИЧНОСТИ - *Football Edition*


Јасно е дека станува збор за вонсериски талент, но проблем за Барселона е што Гави се уште  нема професионален договор и во моментов заработува само 100.000 евра годишно.

„Мораме брзо да му го продолжиме договорот на Гави. Играчите како него се иднина на овој клуб. Знам дека директорите напорно работат на преговорите и новиот договор. Гави е темел за нашата иднина“, изјави Чави.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Деко има план за Левандовски во иднина: “Специјален случај”

Деко има многу работа пред себе. Договорите на неколку врвни играчи истекуваат по оваа сез…