Реал Мадрид ќе се обиде да го доведе играчот за врска на Баерн Минхен, Корентин Толисо како слободен агент, пренесуваат шпанските медиуми.
Французинот има договор со Баварците до крајот на сезоната и нема најави дека двете страни ќе ја продолжат соработката.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Интерес за Толисо покажуваат неколку европски гиганти, но негов приоритет е преселба во Реал Мадрид.
„Кралевите“ сакаат да ја повторат операцијата на Алаба од минатото лето и да го донесат играчот бесплатно, па наскоро ќе започнат преговори со неговиот агент.
🚨 Corentin Tolisso's entourage believe the Frenchman will be able to join Real Madrid as a free agent this summer.
— Transfer News Live (@DeadlineDayLive) December 20, 2021
(Source: @carrusel) pic.twitter.com/DlPU81E9la