Хуан Мата е опција за Барселона во јануари, пренесуваат шпанските медиуми.
Шпанскиот фудбалер минатото лето потпиша нов едногодишен договор, но сезонава за Јунајтед настапи само трипати и тоа може да биде главната причина поради која ќе ја промени саредината.
Салах руши рекорди! Викендов две големи дербија во Премиер Лига! ↓↓↓
Мата со Барселона се поврзуваше и минатото лето. Барселона се соочува со финансиска криза, а во истои време потребни се и засилувања на одредени позиции во тимот, па Мата кој не е скап е опција.
Договорот на Мата истекува на крајот на сезоната, но се шпекулира дека постои можност тој да го раскине во јануари и во Барселона да пристигне како слободен играч. Мата не е единствениот фудбалер на Манчестер Јунајтед кој се поврзуваше со Барселона, по таков пат би можел да тргне и Едисон Кавани.