Дома Фудбал Англија Рангник го избра својот наследник во Манчестер Јунајтед

Рангник го избра својот наследник во Манчестер Јунајтед

Ралф Рангник го презеде кормилото на Манчестер Јунајтед после отказот на Солскјер, но Германецот ќе ги води „црвените ѓаволи“ само до крајот на сезоната.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Рангник потоа ќе добие директорска функција на „Олд Трафорд“ и ќе биде советник за трансфери, а медиумите тврдат дека веќе го избрал својот наследник на клупата.

Станува збор за Рубен Аморим, тренерот на Спортинг Лисабон, пишуваат португалските медиуми.

Аморим во март 2020 година седна на клупата на Спортинг кој за него плати 10 милиони евра отштета на Брага, па после многу години успеа да му ја донесе титулата на гигантот од Лисабон.

Аморим и оваа сезона покажува одлични резултати со Спортинг во Лигата на шампиони и важи за еден од најперспективните млади тренери во Европа.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Психолошката војна продолжува: Педри го покани Хулиан Алварес во Барса

Везниот играч на Барселона, Педри, изрази надеж дека напаѓачот на Атлетико Мадрид, Хулиан …