Дома Топ вести Борусија го потврди интересот на Реал Мадрид за Халанд

Борусија го потврди интересот на Реал Мадрид за Халанд

Ханс-Јоаким Ватцке, извршниот директор на Борусија Дортмунд, во интервју за „Билд“ го потврди големиот интерес за Ерлиг Халанд.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Халанд е еден од најбараните фудбалери во светот и европските гиганти се „тепаат“ за неговиот потпис.

Медиумите веќе подолго време пренесуваат дека Реал Мадрид покажува најсилен интерес и дека е во пол-позиција за неговиот потпис.

„Каде и да одите сите зборуваат за Халанд. Знам дека најдобрите европски клубови го сакаат, особено Реал Мадрид. Нивниот интерес е потврден. Можеме да наведеме најмалку 25 други тимови кои се заинтересирани за него, тоа е факт“.

„Раиола е многу паметен, знае што прави. Сметам дека еден ден шпанската лига повеќе ќе му одговара отколку Премиер лигата. Генерално, би сакал да остане тука и да се развива уште повеќе“, изјави Вацке.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Карвахал веќе пронајде нов клуб

Откако официјално го заврши својот престој во Реал Мадрид, Дани Карвахал би можел многу бр…