Дома Фудбал Останато ФИФА воведува правило кое може сериозно да го промени трансфер пазарот

ФИФА воведува правило кое може сериозно да го промени трансфер пазарот

Светската куќа на фудбалот (ФИФА) донесе одлука да воведе регулација на сумите кои ги добиваат агентите при трансфери и се очекува тоа да виде официјализирано во следните денови.

Со новото правило ќе бидат ограничени сумите кои агентите ги добиваат како провизија при трансфери на најмногу 10%, како и максимум 3% од платата на фудбалерите.


Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓


Со ова ФИФА сака да го ограничи одливот на пари од светот на фудбалот кои завршуваат во рацете на одреден број на луѓе, кои во последните години комплетно го контролираат трансфер пазарот.

Само минатата година клубовите потрошиле над 500 милиони евра за фудбалски агенти. Еден од агентите со најголема заработка е секако Мино Раиола за кого се шпекулира дека само од трансферот на Погба инкасирач 30 милиони евра.

Притоа, медиумите шпекулираат дека за трансферот на Халанд, Раиола од клубовите бара провизија од 40 милиони евра.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Шкупи доби нов генерален директор

Ајкут Туран официјално презеде функцијата генерален директор – извршен директор на фудбалс…