Пари Сент Жермен веќе направи список на фудбалери кои сакаат да ги донесат во тимот следното лето, откако стана јасно дека Килијан Мбапе сигурно заминува.
Мбапе сака да се пресели во Реал Мадрид, преговорите се во напредна фаза, па трансферот на Французинот е само прашање на време.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
„Екип“ пренесува дека прва мета на ПСЖ како замена за Мбапе ќе биде напаѓачот на Борусија Дортмунд, Ерлинг Халанд.
Халанд на лето ќе има откупна клаузула од 75 милиони евра, што за „светците“ воопшто нема да биде проблем.
ПСЖ веќе имал конктакт со агентот Мино Раиола и е спремен да ја плати и високата провизија, само да го донесе Норвежанецот во Париз.
Раиола побарал годишна плата од 50 милиони евра за својот клиент, а ПСЖ е спремен да ги задоволи финансиските барња за да ја победи конкуренцијата.
🚨 PSG have entered the race to sign Erling Haaland from Dortmund this summer.
— Transfer News Live (@DeadlineDayLive) December 16, 2021
(Source: @CanalSupporters) pic.twitter.com/Dr4t9P8fOT