Дома Македонски спорт Мак ракомет Спектакл во Битола: Дибиров го спаси Вардар, без победник во дербито

Спектакл во Битола: Дибиров го спаси Вардар, без победник во дербито

Еурофарм Пелистер и Вардар одиграа фантастично дерби со драматична завршница кое на крајот заврши без победник (27:27).

Атмосферата во салата „Боро Чурлевски“ беше фантастична, па овој натпревар во целост го оправда епитетот најголемо ракометно дерби.

До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст


Вардар одлично го отвори натпреварот, стигна до водство кое го одржуваше до крајот на полувремето, па на одморот скопскиот тим имаше предност од 17-13.

Домашниот тим имаше негатива во текот на целата средба, за во последните минути да обезбеди и предност. На крајот видовме драма, Пелистер имаше водство 27:26 и напад, но еден од играчите на Вардар ја пресече топката со што му обезбеди контра напад на Вардар, по кој од седум метри беше реализатор Тимур Дибиров.

Најдобар во таборот на Вардар беше Анте Гаџа кој постигна осум погодоци, додека кај домашните Стипе Мандалиниќ заврши со седум постигнати голови.

Фото: Е.Пелистер

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Мак ракомет

Проверете

Манчестер Јунајтед и Борнмут приредија спектакуларно шоу со осум гола на “Олд Трафорд”

Манчестер Јунајтед и Борнмут одиграа возбудлив натпревар, кој беше завршен како последен м…