Дома Трансфер зона Јувентус спрема понуда за Икарди

Јувентус спрема понуда за Икарди

Јувентус се надева дека во зимскиот преоден рок може да се засили со Мауро Икарди од Пари Сент Жермен.

Икарди не добива голема минутажа во Париз поради големата конкуренција и побарал трансфер, а медиумите тврдат дека сака да се врати во Серија А.

До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст


Пред два дена претседателот на Јувентус, Андреа Ањели се сретна во Торино со агентот на Мауро Икарди, неговата сопруга Ванда Нара.

Сега Јувентус спрема понуда до ПСЖ и сака да го доведе Аргентинецот на 6-месечна позајмица со право на откуп.

Со оглед на фактот дека „светците“ сакаат да се ослободат од напаѓачот најверојатно ќе се согласат да го пуштат Икарди на позајмица.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Ливерпул ја зголеми понудата за Виртц, рекордниот трансфер е сè поблиску

Ливерпул ја упати својата втора понуда до Баер (Леверкузен) за Флориан Виртц. Според Дејви…