Во финалето на Суперкупот на Парагвај, Серо Портено играше против Олимпија, а остана со играч помалку уште пред да почне натпреварот.




Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Имено, голманот Жан Фернандеш доби црвен картон откако главниот судија со помош на ВАР технологијата ја погледна снимката и веднаш го испрати во соблекувалната.




Проблемот на Жан е што камерите го снимија моментот кога при загревањето тој со непристојни гестикулации им се обрати на навивачите на Олимпија.




На Серо Портено му беше дозволено да стави друг голман, па започнаа со 11 играчи, но натпреварот се оддолжи и имаше тензии.