Дома Фудбал Брендон Роџерс: Конференциска лига? Не знам кое е тоа натпреварување

Брендон Роџерс: Конференциска лига? Не знам кое е тоа натпреварување

Лестер синоќа беше поразен од Наполи и со тоа ги заврши настапите во Лига Европа.

Како третопласиран во групата англискиот клуб настапите ќе ги продолжи во Конференциската лига, а тренерот Брендон Роџерс не знае ништо за тоа натпреварување.

„Да бидам искрен, не ни знам што натпреварување е тоа Конференциска лига. Бев фокусиран на Лига Европа и на освојување на прво или барем второ место во групата. Наскоро ќе дознаам повеќе за Конференциската лига“, изјави Роџерс.

Лестер синоќа немаше решение за нашиот Елиф Елмас, кој постигна два гола и го испрати тимот на Роџерс во Конференциската лига.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Лис LinkedIn го „продаваат“ играчот на Динамо за 2,5 милиони, клубот не знае ништо

Матео Лисица се најде во необичен оглас за трансфер, објавен од човек чии овластувања за з…