Дома Фудбал Официјално: Лајпциг има нов тренер!

Официјално: Лајпциг има нов тренер!

Германскиот клуб Лајпциг денес за нов тренер го назначи Доменико Тедеско, потврдија од клубот.

Овој 36- годишен германски стратег доаѓа на местото на Џеси Марш кој  беше отпуштен поради слабите резултати.

Тедеско е роден во Италија, но кога наполни две години се пресели во Германија, најголем дел од играчката кариера ја мина во Германија, а својата афирмација како тренер ја доживеа во Шалке.

 Лајпциг во моментов е на 11. место по 14 одиграни кола со освоени 18 бода, па Тедеско ќе има тешка задача да го врати тимот на врвот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Лис LinkedIn го „продаваат“ играчот на Динамо за 2,5 милиони, клубот не знае ништо

Матео Лисица се најде во необичен оглас за трансфер, објавен од човек чии овластувања за з…