Дома Македонски спорт Мак ракомет Во драматична завршница Вардар поразен во Загреб

Во драматична завршница Вардар поразен во Загреб

Вардар на гостувањето во Загреб го претрпе седмиот пораз во Лигата на шампиони оваа сезона (23:22).

Загреб добро го отвори мечот и поведе со 2:0, а таа предност ја одржуваше до 15-та минута. Потоа Вардар направи серија и поведе, но домаќините брзо вратија, па на полувреме се замина со резултат 14:12.

ТОП 11 МАКЕДОНСКИ ЈАВНИ ЛИЧНОСТИ - *Football Edition*


Во второто полувреме Вардар го сврте повторно резултатот и дојде до водство од 21-18. Но Загреб подобро се снајде во финишот и на крајот успеа да дојде до победата од 23-22.

Дибиров и Тото беа најпрецизни со по четири постигнати голови кај Вардар, додека во редовите на Загреб најдобри беа Чупиќ со пет и Мандиќ со четири гола.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Мак ракомет

Проверете

Престон Лајонс убедливо го совлада Вардар во Скопје (Видео)

Фудбалскиот клуб Вардар денеска одигра пријателски натпревар во Скопје против австралискио…