Чедомир Јаневски не доби предвремен раскин на договорот од стручниот штаб на Јужна Африка за да го преземе АЕЛ Лимасол.
Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст
Јаневски се договори со клубот каде што настапуваат Македонците Давор Здравковски и Кире Ристевски, но Јужна Африка не постигна договор со клубот. Дека договорот на Јаневски пропаѓа стана јасно откако АЕЛ објави дека нивни нов тренер ќе биде Савас Пантелидес.
Чедомир Јаневски е еден од најдобрите македонски тренери кој во еден период ја водеше и „А“ репрезентацијата, а со Вардар пред четири години се пласираше во групната фаза од Лигата на Европа.