Tелохранителите на Кристиано Роналдо можат да се соочат со затворска казна.
Браќата Рамалиери, Хорхе и Серхио се под закана од затворска казна затоа што како припадници на армијата не им било дозволено да работат приватно како обезбедување.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Роналдо ги ангажираше во август кога сакаше поголема безбедност за неговото семејство. Подоцна беше откриено дека двајцата биле дел од специјалната единица која се основала во Ангола во 1962 година.
Тоа не било проблем, проблемот настанал затоа што тие двајца се уште биле дел од војската, а според правилата не смеат да работат и како приватн обезбедување. Затоа можат да завршат на суд каде што моментално живее Роналдо.