Дома Фудбал Лига на шампиони Нагелсман и ветува на Бенфика: Против Барса ќе излеземе со најсилен состав, одиме на победа!

Нагелсман и ветува на Бенфика: Против Барса ќе излеземе со најсилен состав, одиме на победа!

Баерн Минхен присуствуваше на денешната прес-конференција пред утрешниот натпревар во Лигата на шампионите против Барселона.

Баерн е со пет победи го обезбеди првото место во групата, но за Барселона овој натпревар е многу важен. Каталонците мораат да победат ако сакаат да не зависат од резултатот на дуелот Бенфика – Динамо Киев. Во случај Бенфика да го победи украинскиот тим, а Барса да не слави против Баерн тогаш Португалците одат во нокаут фазата.

Традицијата продолжува, се трансформира - Pinko Crafts ↓↓↓


На прес-конференцијата денес Нагелсман испрати порака до Лисабон дека ќе излезе со најсилниот состав и највисоки амбиции без калкулации.

„Сакам да испратам поздрав до Лисабон, им ветувам дека ќе излеземе со најдобриот тим и со највисоки амбиции. Лигата на шампионите е посебно натпреварување и во секој натпревар се оди на победа, за нас така ќе биде и сега“, изјави Нагелсман.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Лига на шампиони

Проверете

Ливерпул го отпиша најскапиот фудбалер во историјата на клубот

Дарвин Нуњез дојде во Ливерпул од Бенфика летото 2022 година за отштета од 85 милиони евра…