Еминентниот германски весник „Билд“ пренесува дека Роберт Левандовски му соопштил на Баерн Минхен дека не е задоволен и сака да ја промени средината.
Полјакот следното лето влегува во последната година од договорот и нема никаква намера да го продолжи договорот.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Според шпанскиот весник „AС“, Левандовски им рекол на своите агенти дека сака да ја продолжи кариерата во Реал Мадрид и ќе побара од раководството на Баерн да го пушти да си замине следното лето.
Неодамна неговиот менаџер Пини Захави не ја исклучи можноста за трансфер на Левандовски по завршување на сезоната.
Наводно и Баерн смета дека ова е вистинско време за негова продажба и сака како негова замена за го донесе Халанд или Влаховиќ.