Дома Фудбал Таткото на Меси го спречил Лапорта да се слика со Лео

Таткото на Меси го спречил Лапорта да се слика со Лео

Претседателот на Барселона, Жоан Лапорта се обидел да се фотографира со Лео Меси за време на цеременијата за доделувањето на „Златната топка“ во Париз.

Меѓутоа, Лапорта бил спречен од таткото на фудбалерот Жорге Меси, пренесува каталонската телевизија „8TV“.

Во пролетта Лео Меси ја поддржа кандидатурата на Лапорта за нов претседател на Барселона. Меѓутоа, во летото на Аргентинецот му беше наложено да си замине од „Камп Ноу“ бидејќи клубот не можеше да го задржи.

Поради финансиските проблеми Барселона не беше во можност да го регистрира новиот договор на Меси, па фудбалерот мораше да си замине.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Се полни амбулантата на Јувентус: И Жегрова ја напушти репрезентацијата

Едон Жегрова се повлече од составот на Косово и го очекуваат прегледи во Торино. Јувентус …