Кога Чави дојде во Барселона веднаш се појави вест дека одложил гостување на Жерар Пике во шпанска емисија.
Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст
Меѓутоа иако неколку емисии подоцна сепак, Пике се појави во популарната шпанска емисија „Ел Ормигеро“ и порача дека самиот го одложил интервјуто.




„Не ми кажа Чави ништо, самиот одлучив да го одложам интервјуто во тој момент. Сега имавме два слободни дена и јас ги искористив да дојдам во Мадрид. Секој тренер си има свои правила, па така и Чави. Не спомна ништо за електрични велосипеди и сурфање, па не сум сигурен дали ни е дозволено“, се пошегува Пике па потврди:
„Да, постави свои правила и ние ќе ги почитуваме“.




Чави и Пике се поранешени соиграчи.
„Тоа што ми е беше соиграч не знам дали е подобро. Имате поголем притисок, чувствувате дека не смеете да го разочарате“.
Зборуваше Пике на разни теми, а доби и прашање каква би требало да биде понудата за тој да се пресели во Реал Мадрид.
„Невозможно е тоа. Нема никакви шанси за такво нешто. Попрво би умрел отколку да заиграм за Реал Мадрид“, изјави Пике.