Баерн Минхен во последното коло, во Лигата на шампионите ќе ја пречека Барселона пред празни трибини.
Властите во покраината Баварија, објавија дека поради зголемениот број на заразени со коронавирусот, ќе бидат донесени нови мерки. Една од мерките ќе биде да се забрани публика на спортските натпревари.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
„Фудбалските натпревари треба повторно да се играат без публика. Баварија ќе го направи тоа. Фудбалот е одличен пример и треба да ги намалиме контактите насекаде“, објави баварскиот премиер Седер.
Ова е позитивна вест за Барселона, која во последното коло мора да победи доколку сакат да се пласира во осмина-финалето. Во спортивно ќе зависи од резултатот на натпреварот Бенфика-Динамо Киев.