Дома Фудбал Останато Крос: Меси дефинитивно не требаше да ја освои „Златната топка“

Крос: Меси дефинитивно не требаше да ја освои „Златната топка“

Лионел Меси вчера ја освои седмата „Златна топка“ во кариерата, а тоа донесе и критики кај добар дел од фудбалската јавност.

Роберт Левандовски имаше фантастична сезона со Баерн и за многумина тој требаше да биде добитникот, сепак на крајот наградата заврши кај Меси. Помеѓу оние кои се убедени дека Меси не ја заслужи оваа награда е и фудбалерот на Реал Мадрид, Тони Крос.

Анде Јанков - македонски автор: Тајните на пишување добар крими роман!? ↓↓↓


Германецот смета дека во годината која е зад нас во најдобра форма бил неговиот соиграч Бензема.

„Прво морам да кажам дека индидуалните награди не ме интересираат многу, но постојат и тоа е во ред. Според мене, Меси дефинитивно не требаше да ја освои наградата. За Мене ако ја оценуваме изминатата година најдобар беше Бензема“, порача Крос.

Меси на првата позиција заврши со 33 гласа повеќе од Левандовски, додека Бензема беше четврти.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Tренерот на Галатасарај за првпат откри што му кажал на Мурињо за Португалецот да збесне

Тренерот на Галатасарај Окан Бурук првпат проговори за големиот инцидент кој го одбележа д…