Дома Фудбал Останато Срушен рекордот на Тиери Анри: Бензема е новиот француски рекордер

Срушен рекордот на Тиери Анри: Бензема е новиот француски рекордер

Реал Мадрид во еден од најинтересните натпревари во шпанската Примера во 15. коло ја совлада Севиља со 2:1.

Рафа Мир ја доведе Севиља во водство во 12. минута, но 20 минути подоцна работите на почетокот ги врати Карим Бензема. Победничкиот гол за Реал Мадрид во 87. минута со одличен удар го постигна Винисиус Жуниор и така ги остави „кралевите“ на првата позиција на табелата.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Со вчерашниот гол Бензема влезе во историјата на Франција. Имено, ова му беше 361 гол во клупскиот фудбал со што се издвои на листата на француските фудбалери пред легендарниот Тиери Анри кој има 360.

295 голови Бензема постигна за Реал Мадрид, а преостанатите 66 во дресот на Лион од каде што во 2009 година дојде на „Бернабеу“.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Клоп се пожали: Тоа што ни го прават не е нормално

Јирген Клоп како и неколку пати во текот на сезоната повторно се жалеше на густиот распоре…