Дома Топ вести Познато првото засилување на Рангник во Јунајтед

Познато првото засилување на Рангник во Јунајтед

Новиот тренер на Манчестер Јунајтед, Ралф Рангник сака да ја засили одбраната во зимскиот преоден рок.

Најголема желба на „црвените ѓаволи“ е дефанзивецот на Лил, Свен Ботман, и ќе се обидат да го донесат уште во зимскиот преоден рок.


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Станува збор за 21-годишен дефанзивец кој ги мина сите младински категории на Ајакс, а една сезона помина на позајмица во Херенвен. Во Лил пристигна во јули 2020 година и уште во првата сезона се наметна во еден од клучните играчи на тимот.

Рангник верува дека Ботман одлично ќе се вклопи во неговиот стил на игра и ќе биде идеален партнер на Варан во одбраната.

Манчестер Јунајтед е спремен да му ја исполни желбата и спремил понуда од 30 милиони фунти.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Реал Мадрид го враќа Тео Хернандес

Реал Мадрид сака на лето да го врати во своите редови левиот бек на Милан, Тео Хернандес, …