Дома Фудбал Репрезентации Италија сака да натурализира тројца Бразилци

Италија сака да натурализира тројца Бразилци

Претседателот на италијанската федерација Габриеле Гравина потврди дека сакаат да натурализираат тројца Бразилци кои би можеле да играат за репрезентацијата уште од март 2022.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Информацијата дека федерацијата е заинтересирана ја потврди првиот човек на фудбалската федерација, Габриеле Гравина.

„Да, федерацијата е заинтересирана да бидат повикани. Работиме за троја фудбалери, но ништо не е завршено и преговорите се во тек. Формалностите се преземени, потоа селекторот ќе треба да одлучи дали ќе бидат повикани“, изјави Гравина.

Гравина не откри за кои фудбалери се работи, но според медиумите во Италија тоа се Луис Фелипе од Лацио, Рожер Ибанез од Рома и Жоао Педро од Каљари. Италија на нив би можела да смета и за баражот во март, секако ако и Манчини е заинтересиран да ги повика.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Репрезентации

Проверете

Финале на СП: Аргентина против Шпанија, Јужна Америка или Европа?

Фудбалерите на Шпанија и Аргентина ќе се сретнат вечерва во 21 часот во Њујорк во финалето…