Реткост е еден аматер да успее да дојде до победа против некои професионалци во било кој спорт, а една таква приказна имаме во снукерот.
Светскиот вицешампион во снукер, Шон Марфи испанда од првото коло на шампионатот на Обидинетото Кралство. Марфи беше поразен од кинескиот 19-годишен аматер Си Џиахуи.
Салах руши рекорди! Викендов две големи дербија во Премиер Лига! ↓↓↓
Додека светот го слави успехот на ова момче, поразениот вицешампион ги критикуваше организаторите. Марфи смета дека изгубил од некој кој не требало ниту да биде на турнирот.
„Можеби ќе звучам како некој старец, но тој не ни требаше да биде тука. Ова не е фер, не е исправно. Изгубив од некој кој не ни требаше да буде тука. Не знам зошто снукерот стана спорт кој им дозволува на аматерите да бидат дел од професионален турнир. Јас играме професионално и живеам од ова и налетав на некој кој игра без притисок. Во светот на снукерот тој е човек без грижи и притисокот не е ист“, изјави Марфи.