Јирген Клоп со Ливерпул во претсезоната покажа дека има тим кој е достоен оваа сезона да се бори за титулата во Премиер лигата.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Посебно импресивна беше победата на „црвените“ над Баерн каде среде Минхен ги декласираа Баварците со 3:0.
Сепак, Клоп сака додатно да го засили тимот и има список од тројца фудбалери, со кои тимот од „Енфилд“ ќе биде еден од главните кандидати за титулата.
Прва мета е играчот за врска на Лајпциг, Наби Кеита за кого се верува дека со трансферот во Ливерпул ќе го сруши клупскиот рекорд и дека „црвените“ за него ќе платат 80 милиони евра. Иако многумина веруваат дека ова сума е превисока, Клоп верува дека токму Кеита е алката која недостасува за титула.
Втор на листата е стоперот на Саутемптон, Вирџил ван Дијк кој веќе подолго време е на радарот на Ливерпул. Холанѓанецот сака да се пресели на „Енфилд“, а трансферот доколку се реализира ќе изнесува околу 65 милиони евра.
Третата мета на Клоп, во случај на заминување на Кутињо е Кристиан Пулишиќ од Борусија Дортмунд. Германецот смета дека Пулишиќ ќе биде одлична замена за Кутињо и е спремен да плати 35 милиони евра.
Доколку Клоп успее да ги донесе овие засилувања на „Енфилд“, сигурно дека Ливерпул ќе биде еден од главните конкуренти за титулата.