Дома Топ вести Јунајтед го избра новиот тренер, спремен да чека до крајот на сезоната

Јунајтед го избра новиот тренер, спремен да чека до крајот на сезоната

Маурисио Покетино е првиот избор на Манчестер Јунајтед за нов менаџер на тимот, пренесуваат медиумите на Островот.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


После отказот на Солскјер „црвените ѓаволи“ ја почнаа потрагата по нов менаџер, а откако Зидан ја одбил понудата сега прва желба е Маурисио Покетино.

Маурисио Покетино има големо искуство во Премиер лигата, тој една сезона го предводеше Саутемптон, а потоа пет години седеше на клупата на Тотенхем со кого играше и во финалето на Лигата на шампионите.

„Би-Би-Си“ пренесува дека Покетино има желба повторно да работи во Премиер лигата бидејќи семејство и понатаму му живее во Лондон.

Манчестер Јунајтед е спремен да го чека Покетино до крајот на сезоната да се ослободи од ПСЖ и да седне на кормилото на „Олд Трафорд“.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Карвахал веќе пронајде нов клуб

Откако официјално го заврши својот престој во Реал Мадрид, Дани Карвахал би можел многу бр…