Минатата недела Еурофарм Пелистер против АЕК во Атина ја забележа првата победа во Европската лига.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Сега пред битолскиот тим е нов предизвик, екипата на Татабања. Пред натпреварот зборуваше ракометарот на Е.Пелистер, Гоце Ојлески.
„Добро се познаваме со Татабања, минатата сезона одигравме неколку натпревари. Со доаѓањето на Ѓукиќ во тимот владее позитивна енергија, играат подобро од претходните и тоа е голем плус за нив. Убаво е кога се победува, особено на гостински терен. Нашата форма оди во нагорна линија, одлично се подготвуваме, играме добро и нема зошто да не веруваме дека ќе победиме на овој меч. Свесни сме дека нè очекува тврд и тежок натпревар, против цврста екипа со добри голмани, но пак ќе речам сите веруваме во победа“, ијави Ојлески.
Фото: РК Еурофарм Пелистер