Дома Трансфер зона Роналдињо и предложи на Барса: ТОЈ е вистинска замена за Нејмар!

Роналдињо и предложи на Барса: ТОЈ е вистинска замена за Нејмар!

Со оглед на тоа што трансферот на Нејмар од Барселона е завршена работа, странските медиуми започнаа да шпекулираат за тоа кој би можел да биде неговата замена во каталонскиот тим.

Еден од оние кои најмногу го познаваат стилот на игра на Барса е нивниот поранешен фудбалер и некогаш најдобриот играч во светот, Роналдињо. Легендарниот Бразилец смета дека постојат само неколку играчи кои можат да го заменат Нејмар, а исто така има и едно име кое е пречка.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


„Постојат само неколку играчи кои можат да го заменат Нејмар и можам да кажам дека Кутињо може да го направи тоа. Тој е на тоа ниво што може да дојде и да ја пополни празнината која настана со заминувањето на Нејмар, но Ливерпул знае колку тој вреди и сигурен сум дека многу ќе ја чини Барселона“, изјави Роналдињо.

Потсетуваме, освен Кутињо, кандидати за замена на Нејмар во Барса се Гризман од Атлетико Мадрид, Мбапе од Монако и Анхел Ди Марија од ПСЖ.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Барселона го доведе како големо засилување, а сега неговиот агент вели: Чави воопшто не зборува со него!

Витор Роке не е среќен во Барселона, а неговиот агент Андреа Кари ја потврди ситуацијата в…