Дома Тенис Се огласи директорот на турнирот: Ако Ѓоковиќ сака да игра на Австралија Опен мора да биде вакциниран

Се огласи директорот на турнирот: Ако Ѓоковиќ сака да игра на Австралија Опен мора да биде вакциниран

Во јавноста се појавија многу информации за тоа дали Новак Ѓоковиќ може да настапи на Австралија Опен, а сега се огласи директорот на турнирот, Грег Тајли.

Австралија Опен ќе се игра од 17. до 30. јануари 2022 година и на овој турнир ќе може да настапуваат само вакцинирани тенисери. Засега Новак не открива дали примил вакцина.

„Секако дека сакам Ѓоковиќ да дојде тука, тој изјави дека вакцинацијата е приватно прашање и не сакаше да зборува, но поголемиот дел тенисери се вакцинирани. Ако Ноле сака да дојде тука, ги знае правилата“, изјави Тајли.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Тенис

Проверете

Свитолина ја испрати Сабаленка дома: Шест гема во низа и повторно без ракување

Елина Свитолина ја прекина серијата од шест порази против Арина Сабаленка и обезбеди полуф…