На битолски Пелистер сезонава не му оди, после 13 кола тие се единствениот тим без победа во првата македонска фудбалска лига и со само четири постигнати гола.
Во 14. коло пред битолчани е тешко гостување на Чаир против лидерот на табелата Шкупи. Шкупи е апсолутен фаворит без никакви дилеми, а според она што струи низ „битолската чаршија“ фудбалерите наводно биле и казнети од страна на раководството.
Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
Според информациите фудбалерите заработиле казна за недоволно залагање во претходните натпревари и тренинзи, па сега прашање е каква ќе биде нивната мотивација во утрешниот дуел. Како што сега стојат работите само чудо може да го спаси Пелистер од преселба во втората лига.